Дома Фудбал Приведен навивач на Слован Братислава – на други 10 не им бил дозволен влез во Македонија!

Приведен навивач на Слован Братислава – на други 10 не им бил дозволен влез во Македонија!

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека еден навивач од Словачка е приведен, а на други 10 не им бил дозволен влез во Македонија поради агресивно и недолично однесување во авион за време на летот.

„На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Шкендија вечерва го пречекува Слован Братислава во рамки на Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Казахстански клуб собира ветерани: Присигна Нани, се чека на Пјаниќ

Две години познатиот Нани беше во фудбалска пензија, но изгледа дека доби доволно пари да …