
Претседателот на Спортинг Лисабон Фредерику Варандаш и овој пат беше категоричен дека обидите за притисок од страна на Виктор Ѓокереш кон клубот не само што нема да го олеснат неговото заминување, туку всушност дополнително ја комплицираат ситуацијата.
Варандаш изјави дека се чувствува сосема удобно во создадената ситуација, бидејќи шведскиот напаѓач има договор за уште три години со клубот и всушност е во неповолна позиција. Напаѓачот веќе изјави дека сака да добие шанса да премине во Англија, каде што се смета дека е многу близу до договор со Арсенал, но од „Жозе Алваладе“ сè уште не го прифаќаат предлогот на „топџиите“. Лондончаните дури испратија делегација за неколку дена, но двете страни повторно се разминуваат во ставовите за цената на фудбалерот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Смирени сме. Сè може да се реши со затворањето на трансфер пазарот, со солидна парична казна и извинување до целата група. Ако тимовите не сакаат да ја платат правичната пазарна цена на играчот, ние ќе се чувствуваме многу удобно во следните три години. Ако гениите кои ја развиваат оваа стратегија мислат дека вршат притисок врз мене за да го олеснат неговото заминување, целосно грешат и го прават неговото заминување потешко. Никој не е над интересите на клубот. Без оглед кој е тој,“ изјави Варандаш.
Виктор Ѓокереш не се појави на првиот тренинг за летната подготовка на Спортинг Лисабон како знак на протест, како што изјави дека ќе направи уште пред неколку недели. Тој го бојкотира „лисабонските лавови“ во обид да изврши притисок врз клубот.