Дома Фудбал Претседателот на ПСЖ го предупреди Дембеле за новиот договор

Претседателот на ПСЖ го предупреди Дембеле за новиот договор

Осман Дембеле сака нов, поволен договор со Пари Сен Жермен, но претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи го предупреди дека веројатно нема да ги почитува неговите финансиски барања.

Во моментот, носителот на „Златната топка“ заработува 18 милиони евра годишно со договор до 2028 година. Според информации на „Екип“, окружувањето на Дембеле побарало значително зголемување на платата уште пред месеци. Има информации дека ПСЖ понудил 30 милиони евра, но тоа не им било доволно на агентите на фудбалерот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Насер Ал-Хелаифи сепак јасно даде до знаење дека клубот нема да прави „лудости“ за да го продолжи неговиот договор. „Имаме граница на платите, како што сите знаат“, потсети тој за „Канал +“, навестувајќи дека нема да прифатат никакви финансиски барања од страна на играчот кои не се соодветствуваат со максималното, што се подготвени да го понудат.

Покрај тоа, Катарецот увери дека „Дембеле е легенда на клубот“, но „тимот и клубот се најважни“, потцртувајќи дека никој, дури и тековниот носител на „Златната топка“, не може да биде поставен над институцијата. Поради таа причина преговорите нема да завршат за неколку дена, а една од главните теми ќе биде токму платата на францускиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лондонски клубови со интерес за Стeрлинг

Кариерата на Рахим Стeрлинг е во сериозен застој веќе некое време. 31-годишниот играч на Ч…