Дома Фудбал Пресврт во Мадрид: Реал сакаше да го продаде, а сега стана еден од најважните!

Пресврт во Мадрид: Реал сакаше да го продаде, а сега стана еден од најважните!

Минатото лето изгледаше како трансферот на Родриго да е готова работа. Популарниот Вразилец, кој често го нарекуваа „син на Модриќ“, беше ставен во сенка на терените на Реал Мадрид, па сметките кажуваа дека неговата иднина на „Бернабеу“ е непостоечка. Се зборуваше дека за него се интересираат Арсенал, Ливерпул, па дури и Тотенхем, и трансферот би изнесувал околу стотина милиони евра.

Историјата почна да се наслушнува на крајот од трансфер периодот, кога се шпекулираше дека Манчестер Сити има намера да го продаде Савињо и да направи простор за играчот на Реал. Сепак, Родриго остана, и на изненадување на сите, повторно се докажа и потврди дека припаѓа на светската елита, објави Goal.com.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Откако од 2019 година пристигна во Мадрид од Сантос, Родриго се сметаше за загатка. Иако постигна некои клучни голови во Лигата на шампионите и допринесе за освојувањето на Ла Лига, тој никогаш не успеа да обзбеди стабилно место во тимот. Дури и во својата најдинамична сезона под водство на Анчелоти, 2023/24, започна само 28 натпревари во лигата, а целосни 90 минути играше само 12 пати.

И покрај тоа што зголеми 15 голови и асистенции во првенството, секогаш имаше причина да се пресели на клупата. Ситуацијата кулминираше на крајот од последната сезона, кога по репрезентативната пауза во март, Родриго започна само две од последните десет лигашки натпревари на Реал, а во мај не играше воопшто.

Најголема бура предизвика неговото отсуство во Ел Класико против Барселона, натпревар кој одлучуваше за шампионската титула, кога Анчелоти не го внесе во игра, без оглед на тоа што екипата губеше важно дерби. „Го гледам Родриго во добра форма. Беше на клупа поради техничка одлука“, изјави тогаш Анчелоти. „Тој е сè уште важен и ни треба на Светското клупско првенство. Тој е уникатен играч и ќе има клучна улога.“

Анчелоти, се разбира, не го дочека Светското клупско првенство бидејќи беше отпуштен, а неговото место го зазеде Алонсо. И покрај промената, среќата на Родриго не доживеа промена. По почетниот натпревар против Ал-Хила, тој само двапати влезе од клупата во текот на турнирот, додека предност им имаа играчи како Гонзало Гарсија и Арда Ѓулер. Кога Мадрид испадна во полуфиналето од ПСЖ, Родриго повторно остана неискористена замена.

Се чини дека дел од проблемот беше во тоа што Алонсо не можеше да најде вистинска позиција за Родриго, исто како што се мачеше и Анчелоти. И покрај нивната слика на разноврсност – Џуд Белингем во февруари го нарече „технички најталентиран играч“ во тимот – јасно беше дека Бразилецот не е природен крило. Тој сам објасни ова во 2022, откривајќи дека претпочита да игра како втор напаѓач или „десетка“.

Анчелоти го користеше претежно на крилото, а во средината го поставуваше само како замена за Карим Бензема. Алонсо, пак, е поинаков тип на тренер, кој ги користи играчите само каде што се јасно интегрирани во системот. Во неговата визија, десното крило мора да ја држи ширината или да влезе на средината.

Не постоеше место за Родриго, кој најдобро се снаоѓа во десниот меѓупростор со тенденција да се движи кон центарот. Затоа во првите 20 натпревари од сезоната беше на клупата 16 пати, додека шанса добиваа Брахим Дијаз и новопристигнатиот Франко Мастантуоно, чија улога стана важна како што Килијан Мбапе добиваше сè повеќе слобода во нападот.

Во декември сè се промени. Прилика се укажа откако Мбапе се повреди пред натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Алонсо одговори со поставување на Родриго на десната страна во формација 4-4-2. И покрај загубата на Мадрид со 2:1, Родриго постигна гол и беше најдобриот играч на „Лос Бланкос“. Насловните страници ги исполни неговата прегратка со Алонсо по голот, што беше јасен одговор на медиумските шпекулации за можниот отказ на тренерот.

„Знаеме дека тука постои голем притисок“, рече Родриго по натпреварот. „Нормално е кога нештата не се одвиваат како што треба. По мојот гол, го прегрнав Хаби за да ја покажам сплотеноста на тимот. Знаев дека тој момент е важен.“

Тоа беше почетокот на пресвртницата на Родриго. Четири дена подоцна постигна победнички гол против Алавес (2:1). По мала пауза во Купот на кралот, се врати во стартната постава во победата 2:0 против Севиља. Учествуваше во двата гола – прво асистираше на Белингем, а потоа избори пенал кој го реализираше Мбапе.

Во неделата запиша уште две асистенции во убедливата победа од 5:1 против Реал Бетис, во најдоброто издание на Реал под водство на Алонсо. Во последните четири натпревари како стартер, Родриго има два гола, три асистенции и изнуден пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен фудбалер на Барселона се ожени со позната инфлуенсерка

Мунир Ел Хадади, кој претходно настапуваше како напаѓач за Барселона, сега е дел од екипат…