Дома Фудбал Пресврт во Мадрид: Перез му се налути на Винисиус

Пресврт во Мадрид: Перез му се налути на Винисиус

Винисиус Жуниор кажа дека му е единствената цел да остане во Реал Мадрид и дека астрономските понуди од Саудиска Арабија не го интересираат, се чини дека би можело да дојде до неочекуван пресврт бидејќи „кралевите“ се разочарани од неговите потези.

Пред почетокот на оваа сезона, фудбалската јавност беше изненадена од веста дека Винисиус Жуниор може да го напушти Реал Мадрид бидејќи клубови од Саудиска Арабија покажаа огромен интерес за него.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Саудијците се подготвени да вложат преку милијарда евра за доведување на Бразилецот во нивната лига, и дури испратиле официјална понуда на адресата на кралскиот клуб која била одбиена.

И самиот Винисиус пред неколку месеци изјавил дека му е целта што подолго да остане во Реал и дека не го интересираат други понуди, но сега се појавија информации дека може да дојде до неочекуван пресврт.

Шпански медиуми пишуваат дека Реал и Винисиус веќе некое време преговараат за нов договор и дека се уште не се поместени од почетната точка, што предизвикува фрустрација кај Флорентино Перез.

„Марка“ објави дека Перез е разочаран од пристапот на Винисиус и неговиот агент кога станува збор за новиот договор, бидејќи одложуваат и бараат неверојатни суми пари за да останат во Реал, што на крај би можело да му се одрази негативно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Халанд ќе го задржи подолго време надвор од терените

Ерлинг Халанд не ќе биде во можност да учествува во критичниот дел од сезоната за тимот на…