Дома Фудбал Пресврт, шест гола и пенал во 95. минута – спектакл во Белград во кој немаше победник! (ВИДЕО)

Пресврт, шест гола и пенал во 95. минута – спектакл во Белград во кој немаше победник! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена Звезда и Партизан ремизираа 3:3 (0:1) во 175. вечно дерби.

На тој начин остана истата разлика меѓу двата тима како и пред овој натпревар – 21 поен во корист на Црвена Звезда.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


На стадионот „Рајко Митиќ“ беше видено едно од подобрите и интересни дербија во последниве неколку години.

Гостите веќе во осмата минута поведоа преку Ибраима Зубаира.

Калулу прекрасно центрираше од десната страна и го пронајде Зубаира кој надвисишее Сеола и од втор пат го совлада голманот Иван Гутеша.

Звезда потоа ја презеде иницијативата на теренот, но не можеше да дојде до изедначување.

Во 21-та минута Шериф Ендиаје се обиде со глава, но голманот на црно-белите Александар Јовановиќ го одбрани неговиот удар.

До крајот на првото полувреме избраниците на Владaн Милојевиќ се заканија уште еднаш, но не постигнаа гол.

Иваниќ шутираше од слободен удар, но топката заврши покрај голот на Партизан.

На самиот старт на второто полувреме домаќините стигнаa до изедначување.

Пет минути потоа видовме целосен пресврт во резултатот.

Шериф Ендиаје шутираше од околу 11 метра искоса, топката одеше прилично слабо и по земја, но Јовановиќ направи голема грешка и покрај раката му влезе во гол.

Не долго потоа, во 59-та минута, Партизан го израмни резултатот.

Рогановиќ центрираше од десното крило, а Стефан Ковач скокна и на фантастичен начин го совлада Гутеша.

Сепак, тоа не беше сè што видовме на стадионот „Рајко Митиќ“ бидејќи Мирко Иваниќ веќе во 62-та минута донесе нова предност на својата екипа.

Замина поприлично искосо, но со прецизен и силен удар во далечниот агол го совлада Јовановиќ.

И кога се чинеше дека со тој резултат ќе заврши натпреварот, Немања Николиќ од пенал во продолжението го израмни резултатот – 3:3.

Претходно, Елшник во своето казнено поле го фаулираше Натха, а потоа главниот судија на натпреварот Ненад Минаковиќ покажа на „белата точка“.

Потполно мирен беше Николиќ кој со својот гол постави конечен резултат на натпреварот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез донел нова одлука: Две легенди заминуваат од Реал Мадрид!?

Реал Мадрид веројатно нема да ја продолжи соработката со клупските легенди Лука Модриќ и Л…