Дома Фудбал Престон Лајонс загуби од Пелистер во Битола (Видео)

Престон Лајонс загуби од Пелистер во Битола (Видео)

Фудбалерите на Пелистер денеска во Битола славеа минимална победа над австралискиот Престон Лајонс со 1-0, во нивниот втор пријателски дуел на македонско тло.

Средбата понуди повеќе борба отколку шанси, а пресуден момент беше ситуацијата во второто полувреме кога еден гостински фудбалер играше со рака во својот шеснаесетник. Ударот од белата точка прво го одбрани голманот на Престон, но на одбиената топка реагираа домашните и постигнаа гол за конечни 1-0.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Ова за Престон беше прв пораз во Македонија, откако пред два дена во Скопје го совладаа Вардар со убедливи 4-2. Според најавите, австралискиот состав во следните денови ќе одигра уште еден пријателски натпревар, овојпат во Охрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко во Загреб можеби договорил „чудо од дете“ за Барселона!

Спортскиот директор на Барселона, Деко, вчера престојуваше во Загреб каде што го следеше н…