
Зад нас е 27-то коло од Ла Лига, а борбата за титулата дополнително се вжешти по шокантниот пораз на Атлетико Мадрид и победата на Реал Мадрид против Рајо Ваљекано.
Како што е познато, натпреварот на Барселона со Осасуна беше одложен поради смрт на првиот тимски лекар и не е познато кога истиот ќе биде одигран поради густиот распоред до крајот на сезоната. Претпоставките се дека новиот термин ќе биде дури во мај, освен ако Барселона не испадне од Лигата на шампионите во вторник од Бенфика.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Табелата вели дека Барселона и со еден меч помалку, е сè уште лидер на табелата со 57 бода, колку што има и Реал Мадрид, додека Атлетико сега е трети со 56.
Во наредното коло се среќаваат токму Атлетико Мадрид и Барселона, што е првото од двете финалиња до крајот на сезоната. Затоа што, Барса треба да го пречека и Реал Мадрид на 10 мај во второто лигашко „Ел Класико“.
Под претпоставка дека Барселона ќе ја победи Осасуна во заостанатиот натпревар и задржи +3 во однос на Реал и +4 во однос на Атлетико, тоа значително им ја олеснува ситуацијата на Каталонците. Прво, Барса нема императив да го победи Атлетико, бидејќи и во случај на пораз, до крајот ќе зависи исклучиво само од своите резултати. Сепак, во случај Атлетико да ја победи Барса, тогаш Каталонците немаат право и на пораз од Реал Мадрид на 10 мај.
Суштински, Барса држи сè в свои раце, ако го победи Атлетико во недела, ќе има +4 и меч помалку, а во тој случај (под услов да победи во заостанатиот натпревар), може да изгуби од Реал Мадрид и да остане лидер на табелата.
Практично, на Барса ѝ е важно да го победи барем едниот од мадридските ривали, и сите останати натпревари и сигурно ќе биде шампион.
Секако, сето ова е под претпоставка дека и Барса и Реал и Атлетико ќе ги победат сите останати свои натпревари до крајот, што сигурно нема да биде лесно.
На кратко:
На Атлетико сега му е најтешко, поради поразот од Хетафе, и дури и да ја победи Барса во недела, титулата не е загарантирана.
Реал се надева дека Барса ќе изгуби од Атлетико, за да може да ја решава судбината во „Ел Класико“ на 10 мај.
Барса решава многу нешта ако го победи или Атлетико во недела или Реал на 10 мај.
Вака изгледа распоредот до крај, со тоа што некаде треба да се смести и заостанатиот меч Барселона – Осасуна:
28. коло: Виљареал – Реал, Атлетико – Барселона
29. коло: Реал – Леганес, Еспањол – Атлетико, Барселона – Џирона
30. коло: Реал – Валенсија, Севиља – Атлетико, Барса – Бетис
31. коло: Алавес – Реал, Атлетико – Ваљадолид, Леганес – Барса
32. коло: Реал – Билбао, Лас Палмас – Атлетико, Барса – Селта
33. коло: Хетафе – Реал, Атлетико – Рајо, Барса – Мајорка
34. коло: Реал – Селта, Алавес – Атлетико, Ваљадолид – Барса
35. коло: Барса – Реал, Атлетико – Сосиедад
36. коло: Реал – Мајорка, Осасуна – Атлетико, Еспањол – Барса
37. коло: Севиља – Реал, Атлетико – Бетис, Барса – Виљареал
38. коло: Реал – Сосиедад, Џирона – Атлетико, Билбао – Барса