Дома Фудбал Преодниот рок заврши, но Арсенал подготвува емотивно враќање на фудбалер кој беше соиграч со Артета!

Преодниот рок заврши, но Арсенал подготвува емотивно враќање на фудбалер кој беше соиграч со Артета!

Последниот ден од трансфер периодот донесе шпекулации околу можноста Сандро Тонали да го замени дресот на Њукасл со оној на Арсенал, но од тоа не излезе ништо.

Топџиите се соочија со проблем по повредата на Микел Мерино, но сепак не успеаја да најдат соодветна замена за него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мерино ќе подлежи на операција и малку е веројатно да се врати до крајот на сезоната. Доколку тоа и се случи, ќе биде непосредно пред крајот на натпреварувањата.

Сепак, Арсенал подготвува неочекуван потпис. Ова е информација што ја објавија англиските новинари.

Станува збор за Окслејд-Чемберлен, кој од август тренира со тимот на Арсенал до 21 година откако се раздели со Бешикташ.

Договорот со него би бил лесно остварлив, а тоа би било емотивно враќање за него во клубот каде што беа неговите најверни навивачи.

На прашање околу можниот потпис на Окслејд-Чемберлен, Артета беше одмерен.

“Ги разгледуваме сите опции,” беше краток одговорот на Артета.

Откако сите обиди за ново засилување на вчерашниот ден пропаднаа, можноста Англичанецот повторно да се врати во тимот на Топџиите изгледа сè пореална.

Окслејд-Чемберлен и Артета беа соиграчи во Арсенал за време на неговиот шестгодишен престој во северен Лондон од 2011 до 2017.

Во ноември, Артета го пофали овој играч за неговиот професионализам по почетокот на неговите тренинзи со Топџиите.

“Фантастично е што го имаме со нас, горд сум што се врати и покажа желба за тоа.

Кога некој играч има желба да се врати на местата каде што бил отсутен, тоа е позитивен знак.

Значи дека се чувствува посакуван, почитуван и дека ова е идеално место за него да започне нова етапа во кариерата.

Сите го знаеме Алекс и колку е тој извонредна личност. Тој може да биде одличен пример за останатите играчи со своето искуство, дури и за мене. Навистина е добро што го имаме тука,” изјави тогаш Артета.

Останува да видиме дали Окслејд-Чемберлен ќе потпише до крајот на сезоната со Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо преку своите весници најави заминување од Ал Наср!?

Фудбалскиот свет во понеделникот беше потресен од веста за незадоволството на Кристијано Р…