Дома Фудбал Премиерлигашите можат да заборават на него: „Џокерот“ на Анчелоти станува миленик на Алонсо – добива договор до 2031!

Премиерлигашите можат да заборават на него: „Џокерот“ на Анчелоти станува миленик на Алонсо – добива договор до 2031!

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид постепено се подготвува за новата ера под водство на тренерот Чаби Алонсо, а во неговите планови се наоѓа и Брахим Дијаз, кој е на чекор од потпишување на нов петгодишен договор со „кралскиот клуб“.

Информацијата ја пренесе Фабрицио Романо, со што конечно беа демантирани шпекулациите за можен трансфер на Мароканецот од Мадрид, кој во текот на изминатите недели беа чест предмет на дискусија.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Во текот на претходните две сезони, Дијаз имаше интересна улога во тимот на Карло Анчелоти, кој вешто го користеше како адут од клупата. Поранешниот играч на Милан знаеше како да му возврати на теренот.

Очигледно, и Алонсо ја препозна таа способност на Дијаз, па поради тоа ќе продолжи да ги брани боите на „кралевите“.

Клучен за целата приказна е фактот што во новиот договор на Дијаз со „Сантијаго Бернабе“, се вклучува голема откупна клаузула, со што ќе се оддалечат потенцијалните купувачи, особено од Премиер лигата.

По официјализирањето на продолжениот договор на Дијаз до 2031 година, Реал има намера да понуди нов договор и за Тибо Куртоа.

Искусниот белгиски голман на 1 јули ќе влезе во последната година од актуелниот договор, иако имаше разговори за негова замена. Сепак, се чини дека поранешниот чувар на Атлетико Мадрид и Челзи останува неприкосновен на голот на најголемиот европски клуб.

Фото: Real Madrid C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати детали: Еве колку Барселона ќе плати за Нико Вилијамс!

Еден од најдобрите фудбалери на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, е пред потпис со Барселона,…