
Навивачите на Олд Трафорд забележаа „интересен“ потег на Арсенал кога станува збор за новото правило во Премиер лигата, кое вели дека голманите мораат да ја исфрлат топката за осум секунди или помалку, во спротивно противничкиот тим добива корнер.
Тимовите на Манчестер јунајтед и Арсенал го одиграа првиот меѓусебен дуел во новата сезона на англиската Премиер лига, при што „топџиите“ извојуваа минимална победа и ги понесоа трите бода назад дома.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Со новата сезона беше воведено ново правило кое предвидува дека голманите не смеат да ја држат топката повеќе од осум секунди, по што противничкиот тим добива корнер. Очигледно, оваа одлука значајно влијаеше на стратегијата на Микел Артета, а играчите на Арсенал пронајдоа интересен и паметен начин да ја искористат оваа одлука во своја корист.
Fans spot Arsenal’s sneaky new tactic in Man Utd clash as Mikel Arteta seeks to manipulate new Premier League rulehttps://t.co/LdSTO1yKbk
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) August 17, 2025
Имено, играчите на Арсенал наизменично го блокираа голманот на Јунајтед, Алтај Бајиндар, секогаш кога тој ја држеше топката, надевајќи се дека ќе го принудат Турчинот да ја задржи подолго од дозволеното време и така да изнудат корнер.
Ова не е изненадување, со оглед на тоа што Арсенал постигна 31 гол од корнери во Премиер лигата од почетокот на минатата сезона – што е 11 повеќе од Ливерпул.