Дома Фудбал Преговорите започнале: Познато каде ќе игра Џеко следната сезона

Преговорите започнале: Познато каде ќе игра Џеко следната сезона

Един Џеко стана вистинска ѕвезда на Фенербахче. Босанскиот напаѓач на 38 години игра извонредно во дресот на турскиот гигант, а токму овој дрес може го носи и наредната сезона.

Един Џеко би можел да остане во Фенербахче и следната сезона. Фенербахче е подготвено да ја продолжи соработката за уште една сезона.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Оваа вест ја објави познатиот италијански новинар Николо Шира.

“Фенербахче сака да го задржи Един Џеко. Подготвени се на преговори за продолжување на соработката за наредната сезона”, вели Шира и додава:

“Во наредните недели се очекува состанок помеѓу Фенер и агентот на Џеко, Алесандро Лучи. Таму ќе се разговара за иднината на напаѓачот.”

Џеко добро се снајде во Истанбул. Дојде во Фенер во летото 2023 година како слободен играч и веднаш ја доби капитенската лента на раката.

Таа ја оправда на теренот. Во 84 натпревари постигна 44 гола и запиша 17 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…