Дома Фудбал Преговорите во завршна фаза: Грем Потер пред враќање во Премиер лигата?

Преговорите во завршна фаза: Грем Потер пред враќање во Премиер лигата?

Раководството на фудбалскиот клуб Вест Хем разговараше со тренерот Грејем Портер за можен ангажман во случај Јулиен Лопетеги да го напушти клубот, пренесоа денес британските медиуми.


Лопетеги засега останува тренер на лондонскиот клуб, но раководството размислува за неговите резултати по серијата на слаби резултати, бидејќи екипата освои осум бодови во последните осум натпревари, пренесе Скај.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Извор близок на клубот изјави за Скај дека Лопетеги ќе биде отпуштен веднаш штом клубот постигне договор со посакуваниот тренер, за кој се претпоставува дека е Портер.

Клубот не постигнал никаков договор ниту со 49-годишниот Портер, ниту со друг тренер. Скај пренесе дека и Евертон е заинтересиран за Портер, во случај клубот да одлучи да го отпушти тренерот Шон Дајч.

Портер е без работа откако доби отказ во Челзи во април 2023 година. Тој беше отпуштен по седум месеци и покрај тоа што потпиша петгодишен договор со Челзи, каде што го замени Томас Тухел.

Портер пред тоа три години беше во Брајтон, со кој го освои деветтото место во Премиер лигата во сезоната 2021/2022, што до тогаш беше најдобриот пласман во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарен изговор: Артета ја обвини топката за поразот на Арсенал од Њукасл

Њукасл го совлада Арсенал како гостин со 2:0 во првиот натпревар од полуфиналето на англис…