
Ливерпул продолжува да напредува во однос на реализацијата на следниот летен трансфер.
Во последните неколку дена различни извори на Островот тврдат дека „црвените“ се приближуваат до капитенот на Кристал Палас, Марк Геи. Денес, „Мирър“ информира дека во наредните 24 часа има закажани разговори помеѓу сите страни кои се вклучени во договорот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Централниот бек има договор за уште само 12 месеци, па така иако Кристал Палас го проценуваше англискиот репрезентативец на 70 милиони фунти, сега реалната сума што „орлите“ можат да ја добијат е помеѓу 40 и 50 милиони. 20% ќе одат за поранешниот клуб на Геи – Челзи.
Има претпоставки дека Ливерпул ќе започне со понуда од помала сума и првичната понуда на мерсисајдци ќе биде од околу 30 милиони. „Црвените“ секој момент ќе ја финализираат продажбата на друг централен бек – Џарел Кванса, во Бајер (Леверкузен), за кого ќе добијат околу 35 милиони фунти.