
Телевизиската водителка и инфлуенсерка Вирџинија Фонсека (26) сподели на Инстаграм серија романтични фотографии, со кои ја потврди врската со фудбалската ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор (25).
На фотографиите, Фонсека формира срце со рацете и праќа бакнеж, додека на друга нежно го прегрнува Винисиус, кој се насмевнува пред камерата. Зад нив се гледа срце од балони и перници, плишани мечиња, црвени рози и натпис “Love” на покривачот. На креветот се поставени и две букви “V”, што симболизира или Вирџинија или Винисиус.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Со скоро 54 милиони следбеници на Инстаграм, Вирџинија е речиси еднаква по популарност со Винисиус, кој претходно споделувал видео снимки со неа. Во меѓувреме, протекоа и разговори на Винисиус со бразилската манекенка Деј Магалјаеш, што предизвика шпекулации за неговиот приватен живот.
На сега објавените фотографии, парот се држи за раце и се бакнува, покажувајќи блискост и поддршка – токму во моментот кога Вини поминува низ тежок период на теренот. Имено, за време на Ел Класико против Барселона (2:1), ѕвездата на Бразил беше заменет во 71. минута, што очигледно го погоди.
