Дома Фудбал Пред три години го гледаше Мундијалот од дома, а сега ќе биде еден од главните фудбалери во својата репрезентација!

Пред три години го гледаше Мундијалот од дома, а сега ќе биде еден од главните фудбалери во својата репрезентација!

Фудбалерите на Холандија остварија убедлива победа над Литванија во Амстердам со резултат 4:0, со што обезбедија прво место во групата Г и се квалификуваа за Светското првенство, каде што се очекува да имаат значајна улога.

Еден од головите на оваа средба го постигна играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Тиджани Рејндерс, кој по натпреварот беше пресреќен бидејќи следното лето ќе има шанса за првпат да игра на Мундијал, и покрај тоа што има 27 години.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Рејндерс не беше дел од холандскиот тим пред три години на Светското првенство во Катар. Холанѓаните стигнаа до четвртфиналето и беа елиминирани на пенали од Аргентина, која подоцна стана шампион.

“Тоа првенство го гледав од дома, на каучот, облечен во дресот на Холандија.’. Овој пат, искуството ќе биде сосема различно за мене. Ќе треба малку да почекам додека дојде тој момент, но навистина се радувам на можноста за првпат да учествувам”, изјави Рејндерс.

Од него се очекува да биде еден од главните играчи во тимот што ќе го предводи селекторот Роналд Куман на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дел Пиеро остро го нападна италијанскиот фудбал

Легендарниот капитен на Јувентус и италијанската репрезентација Алесандро Дел Пјеро во еми…