Дома Останати Тенис Прeд Ролан Гарос собра само 100 евра, па стана една од најголемите сензации во историјата на тенисот

Прeд Ролан Гарос собра само 100 евра, па стана една од најголемите сензации во историјата на тенисот

Французинката Лоис Боасон (22) стана вистинско откритие на годинашниот Ролан Гарос. Со специјална покана и како 361. тенисерка во светот, стигна до полуфиналето, каде што загуби од Коко Гоф!

Патот до овде беше сè освен лесен. Боасон минатата година пред самиот почеток на Ролан Гарос ги скина предните вкрстени лигаменти и беше надвор од теренот цели девет месеци. Во јануари се обиде да се врати, но без спонзори, без поддршка и без богато семејство зад себе – тоа изгледаше како невозможна мисија.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Дотогашната кариера ѝ донесе само 130.000 евра заработка – што не е ни приближно доволно за покривање на трошоците за професионален тенис. Затоа се одлучи за „crowdfunding“, односно заедничко прибирање средства така што се обрати на пошироката јавност, главно преку интернет. За жал по неа, собра само 100 евра…

И потоа – неверојатен пресврт. На теренот почна да игра како во транс. Прво ја елиминираше третата тенисерка во светот Џесика Пегула (31, САД), а потоа и шестата, чудото од Русија Мира Андреева (18).

Со влегувањето во полуфиналето осигура 690.000 евра награда, што е огромен скок и финансиски и спортски – веќе од понеделник ќе биде најмалку 65-та на ВТА листата! Тоа ѝ гарантира директен пласман во главниот ждреб на Вимблдон и УС Опен, каде и поразот во првото коло носи речиси 150.000 евра.

Во меѓувреме, собори и неколку рекорди. Стана прва тенисерка уште од Серена Вилијамс која како играчка пласирана под 300-то место совлада две топ 10 играчки на еден турнир. Серена последен пат го направи тоа 1997 година во Чикаго, против Мери Пирс и Моника Селеш.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер преку Ѓоковиќ до финале на Ролан Гарос!

Синер победи со 3:0, по сетови 6:4, 7:5 и 7:6 (7:3) по три часа и 17 минути игра, а во нед…