Дома Останати Тенис Пред еден месец го шокира Ѓоковиќ, а сега се скара со судија и направи хаос (Видео)

Пред еден месец го шокира Ѓоковиќ, а сега се скара со судија и направи хаос (Видео)


Американскиот тенисер Рајли Опелка се пласираше во следната рунда на турнирот во Далас, но неговиот меч против Камерон Нори го обележа скандал и расправија со судијата!

Опелка најпрво полуде од еден навивач кој гласно викаше за време на сервисот, за потоа да го нападне судијата Грег Аленсворт.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


– Дали го правиш ова намерно или што? Влези внатре, пријателе – викаше кон навивачот Опелка, кој на почетокот на 2025 година го победи Новак Ѓоковиќ во Бризбејн.

Судијата на Опелка му изрече казна поради овој инцидент, што предизвика жестока расправија меѓу нив. Тенисерот се обиде да го изнесе својот став, инсистирајќи дека судијата не ја контролирал адекватно публиката, додека Аленсворт остана на својата одлука.

По мечот, Опелка не штедеше критики кон судијата.

– Грег Аленсворт е најлошиот судија, како што зборувавме во соблекувалната со сите играчи. Тоа е случајност, буквално пред два дена. Дефинитивно најлошиот судија на турнирот. Речиси го измени исходот на мечот само затоа што нема претстава што прави.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…