Дома Останати Тенис Познато колку време ќе паузира Ѓоковиќ

Познато колку време ќе паузира Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на Австралија опен оваа година, но не успеа да оди чекор понатаму на гренд слемот кој го освои дури 10 пати, бидејќи мораше да го предаде мечот за пласман во финале на Германецот Александер Зверев поради повреда на бутниот мускул.

Ѓоковиќ се врати заедно со семејството во Белград, а сега ќе почне со процесот на рехабилитација.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Новак во јавноста ја сподели рентгенската снимка од повредата, а според првите проценки го очекува пауза од два месеца.

Најдобриот српски тенисер на сите времиња веднаш од Мелбурн го откажа учеството на Дејвис куп мечот помеѓу Србија и Данска овој викенд, а потоа сигурно ќе ги пропушти и турнирите во Доха и Дубаи.

Ѓоковиќ ќе се обиде да се врати на еден од мастерсите во Соединетите Американски Држави, Индијан Велс или Мајами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Објавена загрижувачка снимка од Ѓоковиќ (Видео)

Шпански „АС“ објави видео снимка на која се гледа како Новак Ѓоковиќ има проблеми со движе…