
Британскиот тешкаш Ентони Џошуа му беа потребни шест рунди да го нокаутира Јутјуберот и боксерски дебитант Џејк Пол во мечот кој од самиот почеток беше најавуван како еден од најнерамноправните во историјата на боксот. Пол поголемиот дел од борбата го помина избегнувајќи судир, но на крајот сепак потклекна пред силата на двократниот светски првак.
Џошуа изгледаше се поприсилен додека Пол ја избегнуваше борбата и танцуваше по рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и го турна јутјуберот-боксер двапати во петтата рунда. Пол повторно беше на подот и во шестата, пред Џошуа да зададе силен и чист десен удар кој набрзо ја заврши надреалната ноќ во Центарот Касеја во Мајами.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ова беше борба во која не видовме одличен бокс, но затоа борците заработија извонредни пари. Според информациите од повеќе извори, Џошуа и Пол братски го поделија износот од 184 милиони долари, што значи дека секој излезе од мечот побогат за 92 милиони долари.
Овие бројки се уште позастрашувачки кога се земе во предвид фактот дека Пол по секунда од мечот заработи 93.023 долари (околу 79.100 евра). Излезе од борбата со скршена вилица по нешто повеќе од 16 минути борба, издржа повеќе од што сите очекуваа, а тука е и неверојатната заработка.