Дома Фудбал Познато колку долго ќе паузира Карвахал

Познато колку долго ќе паузира Карвахал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ќе биде надвор од терените најмалку четири недели поради повреда на мускулот на десната нога, пренесуваат шпанските медиуми.

Карвахал, кој има 33 години, се повреди во саботниот меч од седмото коло на Ла Лига против градскиот ривал Атлетико. Реал Мадрид го загуби натпреварот со резултат 5:2, а Карвахал беше заменет во 59-тата минута поради повредата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Реал соопшти дека по дополнителни прегледи е потврдено дека искусниот фудбалер има повреда на десната нога, но мадридскиот клуб не информираше колку точно време ќе биде отсутен Карвахал од натпреварите.

Сепак, шпанските медиуми тврдат дека фудбалерот на Реал ќе паузира најмалку четири недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период ш…