
Неговиот договор со Кралевите заврши на 30 јуни, но остана во клубот до завршувањето на Светското клупско првенство во САД. Откако Реал претрпе пораз во полуфиналето од ПСЖ со резултат 4:0, Модриќ се врати во Мадрид и се збогуваше со клубот и своите соиграчи.
Денеска пристигна во Милано за да ги заврши медицинските прегледи и за да го комплетира својот трансфер во познатиот италијански клуб, каде што ќе го носи дресот со број 14, известува реномираниот Gazzetta dello Sport.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Овој број последен пат го носеше при неговиот престој во Тотенхем, каде што играше до летото 2012 година. Во Реал, најпрво го носеше бројот 19, а од 2018 година стана носител на дресот со број 10.
Првиот број што го носеше на дресот беше 23, кога играше за мостарскиот Зрински, а во Динамо го носеше исто така бројот 14 и 10. Бројот десет во Милано го носи Рафаел Леао, главната ѕвезда на клубот, чија вредност според Трансфермакт изнесува 70 милиони евра.
Во репрезентацијата, од 2005 до 2009 година, беше со дрес со број 14, пред да ја преземе десетката, која ја носи и денес.