Дома Останати Тенис Познато кога Ѓоковиќ ќе се бори за четвртфинале во Мајами

Познато кога Ѓоковиќ ќе се бори за четвртфинале во Мајами

Новак Ѓоковиќ во вторник ќе се бори за пласман во четвртфиналето од мастерс серијата во Мајами, а негов противник е Лоренцо Музети.

Мечот е трет според редоследот на главниот терен. Програмата ја отвораат од 17 часот Монфис и Корда. Потоа следува натпревар од женската конкуренција помеѓу Паолини и Линет, а потоа на теренот излегуваат Србинот и Италијанецот. Се очекува мечот да започне околу 21 часот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ и Музети досега се сретнале осум пати, со скор 7-1, а последен пат играа во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, кога Новак победи со 6:4, 6:2.

Доколку Ѓоковиќ го совлада Музети, во четвртфиналето го очекува подобриот од дуелот меѓу Себастиjан Корда и Гаел Монфис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неверојатна грешка на Медведев го круниса Синер за шампион на Индијан Велс

ЈАНИК СИНЕР триумфираше на Мастерс турнирот во Индијан Велс, победувајќи го во финалето Да…