
Црвениот картон на Џуд Белингам ја одбележа саботната средба помеѓу Осасуна и Реал Мадрид, а шпанските медиуми пишуваат дека англиската ѕвезда може да добие строга казна поради тоа што се случи.
Реал Мадрид викендов играше со Осасуна во гости и повторно ги разочара своите навивачи бидејќи освои само еден бод.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Гостите одлично го започнаа натпреварот и успеаја да стигнат до предност веќе во 15. минута кога Килијан Мбапе ја погоди мрежата на Осасуна за 0:1 откако го асистираше Феде Валверде.
Сепак, тотален пресврт се случи во самиот финиш на првото полувреме кога гостите од Мадрид останаа со играч помалку затоа што Белингам доби директен црвен картон.
Никој не разбираше што се случи и зошто Белингам беше исклучен, но веднаш по натпреварот судискиот извештај даде одговор на тоа прашање.
Сепак, шпанските медиуми истакнуваат дека тоа нема многу да помогне на Белингам и дека му се заканува строга казна.
Се наведува дека Белингам може да биде суспендиран барем на четири натпревари, а казната може да биде толку ригорозна што да го суспендираат на 12 натпревари, што е тешко да се очекува дека ќе се случи.