Дома Моторспорт Познато името на болидот на Ферари кој ќе го вози Хамилтон

Познато името на болидот на Ферари кој ќе го вози Хамилтон

Ферари вчера го објави името на својот нов болид за 2025 година. Очекувањата од Хамилтон се големи, а со техничките иновации, болидот носи и визуелни промени кои сигурно ќе привлечат внимание од навивачите на Формула 1. Претставувањето на болидот е закажано за 19 февруари, а тогаш ќе започнат и тестирањата во Фиорано.

Ферари конечно го откри името на нивниот нов болид за 2025 година, а моделот со ознаката „SF-25“ означува почеток на нова ера за тимот од Маранело.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Подготовките за претставувањето на новиот болид на Ферари продолжуваат, а целиот свет на Формула 1 со нетрпеливост го очекува и официјалното претставување.

Датумот кој го очекуваат фановите е 19 февруари, кога ќе биде откриен SF-25, новиот болид што ќе го возат Шарл Леклер и Луис Хамилтон во сезоната 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Саинц разочаран од најновата одлука на Вилијамс

Вилијамс годинава направи огромен напредок, но сега реши да го запре понатамошниот развој …