Дома Фудбал Познато е кога Барселона ќе ја плати клаузата на Нико Вилијамс

Познато е кога Барселона ќе ја плати клаузата на Нико Вилијамс

Барселона на 1 или 2 јули ќе ја активира ослободувачката клаузула во договорот на Нико Вилијамс со Атлетик Билбао.

Иако сè со самиот играч веќе е договорено, Каталонците ќе чекаат уште една недела, бидејќи сакаат трансферот да влезе во сметководството за следната финансиска година, која започнува токму на 1 јули.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Нико Вилијамс ќе биде играч на Барселона уште за почетокот на предсезонската подготовка, која започнува на 13 јули, иако можеби тој ќе добие малку подолг одмор поради обврските со репрезентацијата на Шпанија во Лигата на нациите. Ова важи и за другите репрезентативци во тимот на Ханзи Флик.

Барселона сè уште се обидува да договори со Атлетик клаузата од 58 милиони евра да биде платена со рати, а не одеднаш. Според „Мундо Депортиво“ тоа сепак изгледа тешко остварливо со оглед на односите меѓу двата клуба. Поради тоа на „Камп Ноу“ се подготвени да ја платат и целата сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефовите на Милан ќе направат уште еден обид да го задржат Мењан

Раководството на Милан ќе одржи нова средба со претставниците на голманот на тимот Мајк Ме…