Дома Фудбал Познати се деталите: Легендарниот Гаскоњ ја напушти болницата откако беше итно хоспитализиран

Познати се деталите: Легендарниот Гаскоњ ја напушти болницата откако беше итно хоспитализиран

Некогашниот англиски фудбалски репрезентативец Пол Гаскоњ (58) беше пуштен од болница откако во петокот беше итно хоспитализиран поради здравствени проблеми, соопшти денес неговата менаџерска агенција.

„Пол доброволно се јави на одделението за итна помош во петокот поради проблеми со грлото кои го мачеа некое време“, наведе агенцијата МНТ во соопштението и додаде дека е „веќе дома и дека се чувствува добро“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Гаскоњ во петокот бил префрлен во болницата од страна на неговиот возач и личен асистент Стив Фостер, кој го нашол полусвесен во неговиот дом во Дорсет, на југозападот од Англија. По приемот бил сместен на интензивна нега, но наскоро бил префрлен на друго одделение, каде што неговата состојба се стабилизирала.

Легендата на англискиот фудбал, познат под прекарот “Газа”, долго време се бореше со зависност од алкохол и депресија, а во последните години имаше низа здравствени проблеми.

Уште во 2020 година тврдеше дека неговиот живот се променил откако вградил импланти против алкохолна зависност, но лани призна дека и понатаму се бори со проблемите, кажувајќи дека има “тажно пијанство” и дека живее кај неговиот агент.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид прави гранитна одбрана

Флорентино Перез ги одреди целите за иднината на Реал Мадрид, а Чаби Алонсо јасно нагласи …