Дома Останати Кошарка Позната здравствената состојба на легендарниот Дивац

Позната здравствената состојба на легендарниот Дивац

Познатиот српски кошаркар, поранешен центар на Партизан, Лос Анџелес Лејкерс, Шарлот Хорнетс, Сакраменто Кингс и уште неколку клубови е тешко повреден.

Дивац се во близина на Луштица падна од мотор и при тоа, како што пренесе Информер, има скршеница на колк.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој по несреќата не можеше да стане, а сега му е вграден вештачки колк.

Операцијата на колкот ја водеше познатиот д-р Ранко Лисов, а според д-р Владо Поповиќ, директор на оваа специјална болница, интервенцијата помина успешно, а Дивац моментално е во стабилна општа состојба и е под постојан надзор на медицинскиот персонал.

“Операцијата беше извршена во текот на денот и помина без компликации. Пациентот се опоравува во постоперативната единица и неговата состојба е стабилна”, рече д-р Поповиќ и додаде дека медиумите и јавноста ги молиме да ја почитуваат приватноста на пациентот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Владе Дивац за првпат се појави во јавност по операцијата откако имаше тешка сообраќајка во Црна Гора

Славниот српски кошаркар Владе Дивац имаше сообраќајна несреќа средината на јуни во Црна Г…