Дома Фудбал Повторно проблеми за Барселона со регистрацијата, сега со Тер Штеген

Повторно проблеми за Барселона со регистрацијата, сега со Тер Штеген

Периодот околу Нова година го одбележа неверојатната сапуница со приказната за регистрацијата на Дани Олмо во Барселона, зашто таа беше истечена, но на крајот каталонскиот клуб извојува голема правна победа над Ла Лига и Олмо денес игра за Блау Грана.

Сепак, нови проблеми со регистрациите наскоро би можеле да ја зафатат Барселона, затоа што првиот голман на тимот Марк Андре Тер Штеген се опоравува побрзо отколку што се очекуваше.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Тер Штеген беше сериозно повреден од септември и прогнозите велеа дека за него сезоната е завршена, но сега е извесно дека наскоро ќе биде подготвен да застане меѓу стативите, но моментално не е регистриран во тимот на Барса за Лигата на шампионите.

Барселона како замена за него го донесе Војчех Шчесни, кој ја прекина пензијата и сега брани одлично, а доколку сакаат да го вратат Тер Штеген во тимот, Барса ќе мора да ја анулира регистрацијата на Полјакот.

Шчесни стана незаменлив под раководство на Ханси Флик, и Германецот да даде зелено светло за продолжување на неговиот договор за уште една сезона.

Доколку Тер Штеген навистина биде подготвен за завршницата на Лигата на шампионите, тогаш Флик ќе мора да избере меѓу него или Шчесни и тоа само по себе предизвикува конфузија.

УЕФА-правилата налагаат дека Барса може да го врати Тер Штеген само ако го одјави играчот кој го заменил. Со други зборови, за капитенот да заигра во Лигата на шампионите, Каталонците би морале да се откажат од Полјакот.

Потсетуваме, Тер Штеген е и капитен на тимот на Барса и во клубот е од 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните им ги одземаат пасоши на хулиганите

Околу 150 навивачи на Челси и Манчестер сити на кои им е забрането влегувањето на стадион …