Дома Моторспорт Повредата посилна од Маркез, шампионот ја заврши сезоната

Повредата посилна од Маркез, шампионот ја заврши сезоната

По шест години и многу страдања поради повреди, Марк Маркез повторно блесна и по седми пат го освои Мото ГП шампионатот, потврдувајќи дека се работи за еден од најдобрите мотоциклисти на сите времиња.

Mаркез на Дукати беше класа за себе и направи крајот на сезоната да не биде неизвесен, но на трката за Големата награда на Индонезија повторно се повреди, се случи фрактура на клучната коска и лигаментите, па Шпанецот го нема на патеката од почетокот на октомври.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


A според последните информации, сезоната за Маркез е завршена.

Прегледите покажаа дека Маркез мора да земе подолга пауза. Нема да вози во Портимао и Валенсија, но ниту на воведните тестирања пред почетокот на следниот шампионат, каде ќе ја брани титулата светски првак.

„Медицинскиот тим кој го следи неговото закрепнување потврди дека клиничката еволуција на коракоидната фрактура и повредите на лигаментите е позитивна и напредува нормално. Сепак, Марк ќе мора да помине четири недели со целосно имобилизирана рака пред да започне со рехабилитација, така што е невозможно да размислуваме за негово враќање оваа година“, официјално соопшти Дукати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Кој ќе биде шампион во Формула 1? Последната пол-позиција за Ферстапен!

Сегашниот светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен ја освои пол-позицијат…