Дома Фудбал Повеќе нема дилеми: Откриено и колку ќе заработува Модриќ во Милан!

Повеќе нема дилеми: Откриено и колку ќе заработува Модриќ во Милан!

Хрватскиот играч од среден ред, Лука Модриќ, ја продолжува својата фудбалска кариера во Милан, објави денес италијанската Gazzetta dello Sport.

Повеќекрарниот шампион на Европа, според претходната објава на Фабрицио Романо, испратил понуда до репрезентативецот на Хрватска, кој ова лето ќе го напушти Реал Мадрид.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Модриќ наводно ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона, покрај договорените бонуси.

Договорот ќе трае една година со можност за продолжување на соработката до 2027 година.

Да потсетиме, Модриќ во септември ќе наполни 40 години, но очигледно и понатаму не сака да се повлече.

Тој е еден од најтрофејните играчи во историјата на Реал Мадрид и поранешен освојувач на Златната топка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем – од готово вересија, ПСЖ е апсолутен владетел на Европа!

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, триумфирајќи по голем…