
Лијам Росениор ќе стане новиот менаџер на Челси!
Тој го потврди тоа пред медиумите, дури и пред официјалната објава од “Стадион Стемфорд Бриџ”.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Ова беше неверојатна можност да бидам во неверојатен клуб, кој е светски првак и едноставно не можев да ја одбијам. Сега конечно можам да одам дома, да ги видам моите деца. Се жртвував многу со тоа што бев толку далеку од нив. Последните 18 месеци во Стразбур беа најдобрите во мојата кариера. Во последните 18 месеци од мојата кариера во Стразбур запознав неверојатни луѓе и ништо од ова не би било возможно без напорна работа на сите во клубот. Не добив понуда само од Челси, имаше и други од Лига на шампиони, но оваа можност не можев да ја одбијам”, нагласи Росениор.
Се очекува новиот менаџер да дебитира за викендот во ФА купот против Чарлтон.