
Неверојатниот шпански тренер Луис Енрике му донесе на Пари Сен Жермен трофеј во Лигата на шампиони во историјата на клубот.
ПСЖ во финалето го декласираше Интер со резултат 5:0, а Енрике стана само седмиот тренер во историјата кој со два различни тима го освоил највредниот трофеј и единствениот покрај Пеп Гвардиола кој два пати успеал да ја освои популарната „триплета” – националната лига, Купот и Лигата на шампиони.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Славјето на Енрике беше исполнето со длабоки емоции. Шпанецот во 2019 година доживеа голема семејна трагедија – неговата ќерка Сана почина на деветгодишна возраст по повеќемесечна борба со рак на коските.
„Секој ден мислам на неа, без разлика дали победуваме или губиме. Таа е тука, покрај мене, во моето срце. Сакам да живеам потсетувајќи се на сите добри работи што мојата ќерка ги донесе во мојот живот, тоа е мојата мисија. Мојата ќерка секогаш беше со мене и сигурен сум дека сега е многу среќна”, рече Енрике.