
Кошаркарскиот свет би можел да биде зафатен од голема трансфер експлозија ова лето! Имено, Леброн Џејмс би можел да заигра заедно со Никола Јокиќ.
Легендарниот НБА кошаркар, Леброн Џејмс, донесе одлука и ќе ја активира својата играчка опција.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Оваа одлука значи дека Леброн ќе одигра уште една сезона во НБА лигата за импресивна сума од 52 милиони долари!
Дополнителни искри фрли изјавата на неговиот агент, Рич Пол, кој истакна дека е можно Леброн Џејмс да ги напушти Лејкерс.
За ЕСПН изјави дека Леброн е жеден за титули и е свесен дека Лејкерс сега повеќе се фокусираат на својата долгорочна визија.
Најгласно се шпекулира каде Леброн би можел да ја заврши својата кариера, а некои велат дека Денвер Нагетс би можеле да бидат последната станица.
Со тоа Леброн би имал легитимна шанса да се доближи до уште еден шампионски прстен, а соработката со Јокиќ би можела да биде клучна во тој потфат.
„Додавањето на Леброн во тимот со Јокиќ и Џамал Мареј веднаш би ги направило најопасниот тим во лигата.
Нагетс освоија титула пред две сезони, но минатата сезона беа разочарување. Леброн би им донел нова енергија“, пишува Clutchpoints.
Преминувањето од Лос Анџелес Лејкерс во Денвер Нагетс би можел да биде исто така контроверзно како кога Дурант ја напушти Оклахома.
Тогаш Дурант беше жестоко критикуван бидејќи се придружи на ривалот, но тоа на крај резултираше со две шампионски титули.
Џејмс не успеа да слави против Нагетс во минатите години, но со нив би можел да дојде до шампионската титула.
Овие гласини се засилија бидејќи Денвер преговара со Џаред Дадли за позиција помошен тренер. Дадли и Џејмс се многу блиски пријатели.