Манчестер Сити е советуван да се подготви за губење дури 40 поени, доколку биде прогласен за виновен за прекршување на правилата на финансискиот фер-плеј (ФФП).
Од Острово стигаат вести кои би можеле да го променат текот на сезоната во Премиерлигата. Како што пренесува порталот “goal.com”, Сити би можел да изгуби дури 40 поени, но од лигата порачуваат дека “автоматско испаѓање од Премиерлигата не е опција”.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Останува нејасно како губењето на толку многу поени, што би го спуштило шампионот на Англија на дното на табелата со само еден поен, може да не доведе до последици во вид на испаѓање во понизок ранг.
Манчестер Сити се соочува со повеќе од 115 обвинувања за прекршување на финансиските правила.
Сослушувањето за обвинувањата поврзани со наводни парични измами е завршено, но пресудата сè уште не е донесена.
Сепак, извори сугерираат дека “граѓаните” може да се соочат со казни кои вклучуваат одземање на поени, забрана на трансфери, а потенцијално и елиминација од Премиерлигата.
На оваа ситуација се осврна д-р Роб Вилсон, професор по економија на Универзитетот Шефилд Халам и водечки експерт за фудбалски финансии. Во разговорот за “Слинго”, Вилсон ги изнесе своите прогнози.
“Не очекувам дека ќе испаднат од лигата. Мислам дека ќе дојде до големо одземање на поени, претпоставував порано дека ќе оди до 50. Но, тогаш беа на врвот на Премиерлигата. Сега мислам дека одземањето би било некаде меѓу 20 и 40 поени, и веројатно ембарго на трансфери во летото. Очекувам дека ќе бидат казнети, но тоа ќе биде победа за Манчестер Сити и победа за Премиерлигата, бидејќи тоа ќе биде најголемото одземање на поени кое кога било се случило, но нема да биде толку силно за да навистина го дестабилизира клубот. Ембарго на трансфери мислам дека е скоро загарантирано, бидејќи треба да се обезбеди одредено ниво на спортски санкции“, рече Вилсон.