Дома Фудбал Хаос во Фенербахче – Тадиќ среде натпревар тргна на Талиска (видео)

Хаос во Фенербахче – Тадиќ среде натпревар тргна на Талиска (видео)

Неверојатни сцени се случија при крајот на првото полувреме од натпреварот помеѓу Башакшехир и Фенербахче, а во главните улоги беа Душан Тадиќ и Андерсон Талиска. За малку ќе дојдеше до тепачка помеѓу соиграчите.

Душан Тадиќ и Андерсон Талиска за малку ќе се физички судреа на натпреварот против Башакшехир. Малку фалеше да дојде до конфликт.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сѐ се случуваше на крајот на првото полувреме. Тадиќ не му ја додаде топката на Бразилецот кој беше во одлична позиција, а овој му го приговори тоа.

Започна вербален конфликт помеѓу соиграчите. Летнаа пцовки и тешки зборови, а потоа Тадиќ тргна да се пресмета со Талиска.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се „тресе“ клупата: Гвардиола повеќе не е недопирлив и поради тоа сите го поставуваат истото прашање

Статистика која до вчера се чинеше незамисливо денес е сурова реалност. Манчестер Сити губ…