
Договорот на Винисиус Жуниор со Реал Мадрид истекува летото 2027 година. Преговорите за продолжување на соработката одамна се започнати, но засега нема договор.
Бразилската ѕвезда од клубот бара плата во ранг на најплатениот фудбалер – Килијан Мбапе. Меѓутоа, раководството на Кралевите не сака да му даде нешто повеќе од 30 милиони евра годишно и му е понудена истата плата што ја има сега – 20 милиони евра.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Договор засега нема. Секој стои цврсто на својата страна, а Реал има јасен став кон ѕвездата на клубот – “Ќе бидеш на трансфер листа”.
“Луѓето задолжени за кариерата на Винисиус Жуниор побараа плата како таа на Килијан Мбапе. Во Реал беа изненадени и тоа е причината поради која преговорите застанаа”, изјавува Кадена СЕР.
Овој весник наведува и дека Реал му се заканил на Бразилецот дека може да го продаде ако не покаже напредок во новата сезона.
“Реал Мадрид нема да му даде иста плата како на Мбапе. Наместо тоа, ќе добие една година да покаже напредок на теренот, и тогаш ќе добие можност да преговара за зголемување на платата. Ако тоа не се случи, ќе биде продаден”, се вели.
Така, Флорентино Перез дефинитивно покажа дека никој не е над клубот – без разлика што му пишува на дресот. Сепак, дресот на Кралевите го носеле многу поголеми ѕвезди од Винисиус.