Дома Фудбал Потпис на денот во Јунајтед – фудбалер доби зголемување на платата за 300 отсто

Потпис на денот во Јунајтед – фудбалер доби зголемување на платата за 300 отсто

Младиот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, Амад Диало, денеска потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед.

Според новиот договор, Диало ќе остане во клубот до 2030 година.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Многу сум горд. Веќе имам многу спомени, но свесен сум дека ќе има уште многу. Имам големи амбиции, сакам да го направам Манчестер Јунајтед дел од историјата. Многу научив откако дојдов овде пред четири години. Навивачите ме поддржуваат секој ден, исто како и тренерите и останатиот персонал“, изјави тој.

Оваа сезона постигна шест голови и додаде седум асистенции и дефинитивно е еден од најдобрите играчи на Манчестер Јунајтед оваа сезона.

Досега два пати е прогласен за играч на месецот од Манчестер Јунајтед.

Диало досега имаше 30.000 фунти неделно, а од денеска таа сума ќе биде зголемена за 90.000 фунти, односно 300% поголема во однос на претходната сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова хит ситуација: Фудбалер како награда за најдобар на натпреварот доби – печено прасе! (Видео)

Норвешката лига и клубот Брин повторно се во центарот на вниманието. На почетокот на шампи…