Дома Фудбал Потег за восхит: ПСЖ предвреме му уплати на Лион милиони за спас

Потег за восхит: ПСЖ предвреме му уплати на Лион милиони за спас

Сопствениците на Пари Сен Жермен одлучија предвреме да му извршат уплата на Олимпик Лион за трансферот на Бредли Баркола, со цел да го спасат од испаѓање во втората француска лига.

Француските медиуми известуваат дека челниците на францускиот шампион направија потег за восхит: иако не мораа, го платија целосниот износ за трансферот на талентираниот напаѓач Бредли Баркола од Олимпик Лион, со цел да го спасат овој клуб од испаѓање во понизок ранг поради финансиски проблеми.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Како што известува RMC Спорт, управата на парискиот клуб одлучи да му помогне на Лион така што ќе го уплати целиот износ од 45 милиони евра за трансферот на овој играч предвреме.

Бредли Баркола се приклучи на Пари Сен Жермен во летото 2023. Челниците на францускиот шампион имаа по договор право да ги распореди исплатите на неколку сезони, што и планираа, но откако дознаа за проблемите на големиот ривал, одлучија да му помогнат на клубот од Лион да ја подобри финансиската ситуација пред жалбеното сослушување.

Според одлуката на Националното одделение за административна контрола (DNCG), клубот во кој игра српскиот интернационалец Немања Матиќ на 24 јуни беше исфрлен од елитната француска Лига 1 и префрлен во втората дивизија на француското првенство поради прекршување на финансиските правила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Белград имало тепачка: „Делии“ со палки претепале неколку навивач на Лех (Видео)

Пред и по реванш-натпреварот помеѓу Црвена звезда и Лех се случиле неколку инциденти. На в…