Дома Фудбал Постигна 109 голови за пет години: Погледнете како беше пречекан пред потпис за Јувентус (Видео)

Постигна 109 голови за пет години: Погледнете како беше пречекан пред потпис за Јувентус (Видео)

Џонатан Дејвид (25) ќе стане нов играч на Јувентус. Канадскиот напаѓач слета во италијанскиот аеродром каде што го пречекаа навивачите и медиумите, што можете да го видите во приложеното видео. Се фотографираше со фановите, а потоа со полициска придружба продолжи кон новиот клуб.

Имајќи предвид дека му истече договорот со Лил на 1 јули, како слободен играч ќе потпише петгодишен договор со Јувентус, кој не мора да плати отштета за него. Италијанскиот инсајдер Николо Шира објави дека Дејвид ќе има годишна плата од 5.5 милиони евра, плус 1.5 милиони евра можни бонуси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според неговите информации, канадскиот репрезентативец имаше две огромни понуди од Фенербахче и неназован саудиски клуб. Ги одби и ќе стане дел од тимот што го води хрватскиот тренер Игор Тудор.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума се договори со Сити

Манчестер Сити постигна договор со италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, во врска со дог…