Дома Фудбал После Гарначо Челзи носи уште еден незадоволен играч на Јунајтед Наслов: После Гарначо, Челси ќе краде уште еден незадоволен од Рубен Аморим?

После Гарначо Челзи носи уште еден незадоволен играч на Јунајтед Наслов: После Гарначо, Челси ќе краде уште еден незадоволен од Рубен Аморим?

Гарначо ова лето пристигна од Манчестер во Лондон, а по негови стапки би можел да тргне и Коби Мајну.

Британските медиуми откриваат дека Енцо Мареска сака да ја зајакне позицијата на дефанзивниот везист и дека Мајну му е голема желба.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мајну нема многу простор кај Рубен Аморим, веќе се пишуваше за неговото незадоволство поради недоволната минутажа, па Челси сака да го искористи тоа.

Мајну оваа сезона на терен помина само 203 минути на шест натпревари, од кои целиот го одигра само во Купот на Лигата против Гримзби.

Младиот 20-годишен везист има договор до 2027 година, а Transfermarkt го проценува на 50.000.000 евра.

Да потсетиме, Мајну е дете на Јунајтед, а за првиот тим има одиграно 78 натпревари, со седум голови и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан тргнува по Бернардо Силва

Според англиските медиуми, Бернардо Силва решил да ја напушти екипата на Манчестер Сити по…