Дома Фудбал Португалски фудбалер ја претепал сопругата, па празниците ќе ги помине во затвор!

Португалски фудбалер ја претепал сопругата, па празниците ќе ги помине во затвор!

Поранешниот португалски репрезентативец Рубен Семедо (30) повторно се најде во проблеми со законот во својата кариера. Како што јавуваат медиумите од Португалија, поранешниот дефанзивец на Вилјареал во саботата вечер физички ја нападнал својата партнерка и за некое време ја затворил во куќа. Поради тоа, новогодишните празници ќе ги помине во затвор.

„Полицијата уапси 30-годишен граѓанин рано наутро во недела поради кривично дело семејно насилство. 30-годишната жена беше жртва на напад и закани од нејзиниот партнер, поради што неколку часа беше задржана во куќата на осомничениот, додека не успеа да отиде во полициската станица и да поднесе жалба. Жртвата имаше неколку видливи модринки, па и беше дадена итна медицинска помош во болница,” стои во соопштението на португалската полиција.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во овој момент, Семедо е играч на катарскиот Ал-Кхор, каде игра како позајмен фудбалер на Ал-Маркија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тудор: Дел од играчите сè уште се привикнуваат на ова ниво на игра

Хрватскиот тренер Игор Тудор со тимот на Јувентус доживеа пораз од Реал Мадрид со резултат…