Дома Фудбал Поразот од Кристал Палас боли, но не колку изјавата на Де Брујне по финалето во ФА-купот

Поразот од Кристал Палас боли, но не колку изјавата на Де Брујне по финалето во ФА-купот

Вчера Манчестер Сити доживеа неочекуван пораз во финалето на ФА Купот од Кристал Палас (1:0). Сепак, она што уште повеќе ги погоди навивачите на клубот од Етихад беше изјавата на Кевин де Брујне по мечот.

Иако се надеваше дека Манчестер Сити барем делумно ќе ја поправи својата слаба сезона и ќе стигне до трофеј, Кристал Палас успеа да направи сензација на Вембли и го освои трофејот кој клубот го чекаше со децении.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Манчестер Сити беше апсолутен фаворит на натпреварот, но во крајна линија, лондонскиот тим славеше со минимални 1:0, благодарение на голот на Езе во 16-та минута.

Граѓаните потоа имаа неколку неверојатни шанси и пенал што го промаши Омар Мармус, но не најдоа начин да го совладаат одличниот Дин Хендерсон.

Изјавите на Де Брујне по натпреварот шокираа многумина: “Останување во Англија? Не е невозможно, но зависи од понудите што ќе ги добијам. Имам семејство и морам да размислам за нашата следна дестинација. Тоа е комплицирано, но наскоро ќе се реши.”

Последно се шпекулира дека Астон Вила е заинтересирана за Де Брујне и дека тој сериозно размислува за таа понуда.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…