Манчестер јунајтед синоќа повторно ги разочара своите навивачи бидејќи на Олд Трафорд беше совладан од Њукасл со 0-2 во натпреварот од 19. коло на Премиерлигата, а се чини дека тоа беше и последниот натпревар во дресот на Црвените ѓаволи за играчот платен 70 милиони евра.
Ни доаѓањето на Рубен Аморим на „Театарот на соништата“ не го донесе пресвртот на кој се надеваа навивачите на клубот, бидејќи и по заминувањето на Ерик Тен Хаг, продолжи очајната серија на резултати на англискиот великан.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Аморим по половина час од играта го извади од игра Зиркзе, што беше најдобар знак на немоќта на овој тим. Од првата минута конечно играше и Касемиро, а многумина сметаат дека за Бразилецот тоа беше последен натпревар во дресот на Јунајтед.
Бразилецот како големо засилување пристигна во тимот летото 2022 година од Реал Мадрид за цели 70 милиони евра, но јасно е дека не успеа да ги оправда очекувањата.
Англиските медиуми пишуваат дека Касемиро синоќа го одиграл последниот натпревар за „ѓаволите“ и дека по натпреварот му соопштил на Аморим дека го напушта клубот во јануарскиот трансфер период.
„Телеграф“ тврди дека овој искусен врскаш кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија затоа што на маса има извонредно богата понуда која со месеци ја разгледувал.