Дома Фудбал Поранешниот македонски репрезентативец: Пешки би одел до Белград за да бидам тренер на Партизан!

Поранешниот македонски репрезентативец: Пешки би одел до Белград за да бидам тренер на Партизан!

Тренерот на третолигашот од Црна Гора, Балкан Иглс откри дека нема контакти или покани од Партизан.

Иако веста звучеше привлечно, идејата дека Виктор Треневски ќе стане тренер на Партизан е прилично нереална. Ја пренесоа црногорските медиуми, а спортскиот журнал провери на терен.

Македонскиот тренер не ја крие желбата да го води гиганат

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„За мене, исто како и за многумина, ова е убава вест која и јас ја прочитав, но за жал останува само тоа, бидејќи немаше никакви контакти со луѓето од Партизан“, изјави Виктор Треневски на почетокот од разговорот.

Доколку во наредните денови пристигне повикот, дали би прифатиле?

„Тоа би било огромна чест за мене. Би им рекол на луѓето од Партизан да ми дадат два дена, затоа што би тргнал пеш до Белград. Кога станува збор за мојот омилен клуб, ништо не би ми било тешко. Како играч играв на Хумска, а верувајте дека со оваа генерација би сакал да работам, бидејќи сметам дека имаат огромен потенцијал. Се надевам дека заедно со мене би постигнале многу“, заврши Виктор Треневски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно е што прави Ендрик, во Мадрид може само да плачат!

Ендрик оваа зима пристигна во Лион на позајмица од Реал Мадрид и веќе на почетокот на нова…