Дома Фудбал Поранешниот италијански тренер „удри“ по Влаховиќ: Не знае да смири топка!

Поранешниот италијански тренер „удри“ по Влаховиќ: Не знае да смири топка!

Џовани Галеоне, тренерот кој ја одбележа ерата на фудбалот во 80-тите години, кога убавиот фудбал беше во центарот на сè, не може да се помири со денешната состојба на теренот – од астрономските плати на играчите до избрзаните смени на тренери во Серија А. Во разговор за Corriere della Sera изјави: “90% од натпреварите се смртно досадни.”

Падот на формата на српскиот напаѓач на Јувентус е очигледен, но доаѓањето на Игор Тудор на клупата на Старата дама треба да го врати во центарот на проектот. Влаховиќ, кој во кариерата има 82 гола, од кои 55 во дресот на Јувентус, моментално е под жестока критика.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


“За Јувентус ќе кажам само ова: му даваат еден милион евра нето месечно на Влаховиќ, можеби единствениот словенски играч – а јас ги обожавам веќе 80 години – кој не знае да ја прими топката. Едноставно не може. Ќе видиме сега со доаѓањето на Тудор”, изјави Галеоне.

Галеоне е познат како голем застапник на формацијата 4-3-3, зонска одбрана и офанзивен стил на игра, што го направи еден од најиновационните италијански тренери доцни 1980-ти, заедно со Ариго Саки. Во текот на кариерата водел бројни клубови, вклучувајќи Кремонезе, СПАЛ, Комо, Наполи….

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Халанд ќе го задржи подолго време надвор од терените

Ерлинг Халанд не ќе биде во можност да учествува во критичниот дел од сезоната за тимот на…