Дома Фудбал Поранешниот фудбалер на Арссенал е 10 пати поогат од Роналдо: Еве како ги заработи милијардите

Поранешниот фудбалер на Арссенал е 10 пати поогат од Роналдо: Еве како ги заработи милијардите

Иако Кристијано Роналдо беше прогласен за првиот фудбалер милијардер во почетокот на месецот, со проценето богатство од 1,04 милијарди фунти (околу 1,19 милијарди евра), тоа изгледа скромно во споредба со еден пензиониран фудбалер чијашто вредност се мери во десетици милијарди, пренесува Daily Mail.

Станува збор за поранешниот играч на Арсенал, Метју Фламини, кој своето огромно богатство го обезбеди не од фудбалската кариера во првите две декади на 2000-тите, кога платите, иако значителни, не беа на денешното ниво.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Екс фудбалерот на Милан исто така не остави длабок траг во француската репрезентација, за коja одигра само три меча. Но, неговиот премин кон биохемиската индустрија по пензијата во 2019 година му донесе неверојатен успех. Како извршен директор, Фламини денеска поседува нето вредност која е проценета на 10 милијарди фунти (околу 11,5 милијарди евра).

Навивачите на Арсенал го паметат од средниот ред, но денеска Фламини поминува добро време на состаноци со истакнати ликови како што е кралот Чарлс III. Уште во 2008 година, на врвот од својата играчка кариера, тој ја основа компанијата GFBiochemicals, насочена кон развој на одржливи алтернативи на производите кои се базираат на фосилни горива.

По години од неговиот тивок почеток, Фламини стана еден од водечките гласови во полето на климатските иновации и еколошката одговорност, а воедно и еден од најбогатите спортисти на планетата.

Влијанието на Фламини во оваа индустрија е толку големо што е поканет да држи предавања на Харвард бизнис школата и пред Европската комисија. Неговата неодамнешна средба со кралот Чарлс III. како дел од Алијансата за кружна биоекономија, организација каде што, како што напиша на Инстаграм, “глобални водачи и автохтони гласови ја обликуваат иднината на биоекономијата”.

Неговата компанија GFBiochemicals го зацврсти својот зелен кредибилитет со измислување на револуционерна метода за производство на левулинска киселина, која ги намалува CO2 емисиите во производството на детергенти до 80 проценти.

Фламини, уште од својата 15-та година, се придржува на растителна исхрана, тврдејќи дека ова му ја продолжило кариерата. Тој се залага и за повисока одржливост во фудбалот, од изработка на дресови до начинот на кој навивачите патуваат на натпреварите.

“Климатските промени и одржливоста се жешка тема овие денови. Но мораме да сфатиме дека не се работи само за спас на амазонската прашума. Всушност, размислуваме за здравјето,” изјави тој за The Times.

Наместо драстични промени, Фламини верува дека фудбалот може да поттикне промени преку мали чекори, како користење на сончева енергија, рециклирање и понуда на растителна храна на стадионите.

Фламини за Арсенал одигра 243 натпревари и освои две титули во ФА купот, како и достигнување до финалето на Лигата на шампионите. Со Милан беше шампион на Серија А, а со Марсеј стигна до финалето на Купот на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дочека: Ветеранот Варди го постигна првенецот во Серија А! (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Варди вечерва го постигна неговиот прв гол во …