Дома Фудбал Поранешниот бугарски репрезентативец сопругата го изневерила соиграчот кој му бил и кум: Им простив

Поранешниот бугарски репрезентативец сопругата го изневерила соиграчот кој му бил и кум: Им простив

Поранешниот голман на бугарската фудбалска репрезентација Владислав Стојанов (37) откри дека неговата поранешна сопруга Венера го изневеруваласо неговиот најдобар пријател и поранешен соиграч Клаудиу Кешеру. Романскиот фудбалер, за ситуацијата да биде уште потешка, е кум на ќерката на Стојанов. Својата приказна бугарскиот голман ја раскажа за Sport Cast.

Немаше смисла да истражувам, но жената на Кешеру дознала и ме повика. Сепак, одлучив да им простам на двајцата. Од друга страна, би било чудно да престанеме да разговараме и да се гледаме, тоа би се дознало. Ги повикав и им реков дека им простувам, но сакав да разговарам со нив. Јас сум принципиелен, или простуваш или не… Само еднаш се навратив на тоа во разговорите со неа“, призна Стојанов.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Стојанов седум сезони бранеше за Лудогорец, со кој играше и во Лигата на шампионите, каде има десет натпревари. За најдобриот бугарски клуб на гол стоеше 173 пати и прими 137 голови, што значи помалку од гол по натпревар. 

Од познатите клубови бранеше и за молдавскиот Шериф. Направи пауза од кариерата во 2021 година, а се врати во фудбалот минатата година и сега брани за австрискиот нисколигаш Ибиц. Бранел. За бугарската репрезентација собра 19 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Најскапото засилување на Челзи повеќе нема да биде на платниот список

Борнмут и Челзи речиси сигурно ќе постигнат договор и Кепа Аризабалага ќе биде и официјалн…