Дома Фудбал Поранешниот ас го советува Слот: Ќе те отпуштат поради Салах!

Поранешниот ас го советува Слот: Ќе те отпуштат поради Салах!

Салах повторно е на тапет, овој пат од уште еден голем играч на Ливерпул, Дитмар Хаман.

Египетскиот играч сезонава не е ни близу на нивото на кое сме го навикнале, губејќи од своите стандарди кои го прават третиот најуспешен стрелец на Ливерпул низ сите времиња. По уште еден лош настап, Хаман испрати директна порака до Слот:

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Тој мора да донесе одлука. На некој начин, ми се допаѓаше што ја задржа екипата од претходниот дуел со Нотингем Форест, давајќи им можност да се поправат. Но, сепак, доаѓа време кога мораш да се ослободиш од некои играчи. Дури и од големите ѕвезди. Мислев дека Салах ќе биде еден од првите кои ќе бидат тргнати од првата постава. Слот мора да одлучи:

Дали ќе го загуби работното место со Салах, или ќе продолжи без него? Ова е одлука што мора да ја донесе. Мора да размисли кои играчи му даваат најдобра шанса за опстанок! Салах доби шанса, она што го направи при вториот гол на ПСВ Ајндховен… беше доволно Слот веднаш да го замени. Иако ми е тешко да го кажам ова. Мо беше играч кој го влечеше тимот последните седум или осум години. Но начинот на кој го пропушти играчот да пројде без ништо да направи за да помогне на тимот…

Ова беше трет последователен пораз на Ливерпул со три гола разлика и деветти неуспех во 12 натпревари – што ја прави најлошата форма на клубот во повеќе од 70 години. Затоа и не зачудува што од трибините на “Енфилд” се слушаа негодувања… од ретките навивачи кои останаа до крајот на натпреварот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карегер гневен на играчите на Ливерпул

ЏЕЈМИ КАРЕГЕР беше шокиран од играта на Ливерпул во бруталниот пораз од ПСВ Ајндховен во Л…