Дома Фудбал Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед заигра во деветта лига – водеше тешка битка со голема зависност!

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед заигра во деветта лига – водеше тешка битка со голема зависност!

После четири години пауза и тежок период од зависност од дроги, Дарон Гибсон се врати на теренот како дел од екипата на Wythenshawe.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Навивачите на овој мал клуб беа воодушевени кога Wythenshawe преку социјалните мрежи обелодени дека доведува “мистериозен поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед”. Сите се обидуваа да погодуваат за кого станува збор.

На последниот натпревар на теренот зачекори Дарон Гибсон. Фановите едвај го препознаа бидејќи се немаше појавено четири години на терен.

Тридесет и седумгодишниот негов деби го имаше во победата од 3:1 против АФЦ Ливерпул, играјќи нешто повеќе од половина натпревар пред да биде заменет.

Неговиот враќање претставува голем пресврт во животот на Гибсон, нецела година откако храбро зборуваше за својата зависност од лекови за спиење и опасната здравствена криза која ја преживеа.

Бившиот ирски репрезентативец откри дека неговата зависност започнала во 2013 година поради тешкиот повреда на коленото, што предизвикало несоница и зависност, потоа станал зависен и од алкохол.

Пред три години, додека бил дома и го гледал дербито на манчестерските ривали, Гибсон доживеал криза откако земал 18 апчиња за спиење. Тогаш го пронашла неговата сопруга која мислела дека е мртов..

Со тешкотија се спасил и побарал стручна помош, потоа целосно го изменил својот начин на живот. Сега успешно се врати на теренот.

Коментари